ДКСК казни 86 поранешни и актуелни функционери, меѓу нив и Џафери, Груби, Меџити, Крмов…

t

Државната комисија за спречување на корупција објави список со 86 поранешни и актуелни функционери кои ги казни парично за прекршување на Законот за спречување на корупција.

Меѓу нив се пратеникот Борислав Крмов од Левицата, ексвицепремиерот Артан Груби, кој е во бегство, поранешниот претседател на Собранието, Талат Џафери, Изет Меџити, првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Фатмир Меџити, поранешен министер за здравство.

Од Комисијата велат дека во согласност со член 98 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси има обврска јавно да ги објави информациите за извршените контроли, спроведените постапки и глобите кои се изречени за сторените прекршоци.

Од донесувањето на Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси од 2019 година ДКСК ги нема јавно објавувано овие информации, а комисијата најавува дека ова во иднина ќе биде редовна пракса.

Јавно објавените информации, се додава во соопштението, ќе бидат достапни во период од две години по нивното објавување, а истите содржат кој е сторител на прекршокот, каков прекршок направил, опис на дејството кое претставува прекршок и висината на изречена глоба.

„Преку објавување на овие информации ДКСК има за цел да ја информира јавноста во насока на охрабрување на граѓаните, како и институциите да се придржуваат до правните норми. Очекуваме дека со исполнување на оваа законска обврскa ќе се зголеми довербата во процесите на надзор и контрола, но и ќе се зајакнат напорите за ефикасно спречување на корупцијата и судирот на интереси во Република Северна Македонија. ДКСК смета дека оваа мерка е исклучително значајна за зголемувањето на транспарентноста и отчетноста на секоја институција во борбата против корупцијата“, соопштија од ДКСК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Странските државјани можат онлајн да ги плаќаат…

Странските државјани кои со возила со странски…

Колони на Табановце: Отворени осум пунктови за…

По големиот сообраќаен метеж и километарските колони…

60 пијани возачи се казнети за само…

Сообраќајната полиција синоќа за само шест часа,…

Обвинителството бара осуда, одбраната ослободителна пресуда за…

Обвинителството во завршните зборови за предметот во…

Казни од 1.500 до 2.000 евра –…

Од 1 јули до 31 август се…