Објавено на:

На телевизија во Србија вестите ги читаат АИ-водители, потпишани со домашни имиња и презимиња

t

Водители генерирани од вештачка интелигенција (АИ), кои се претставени со српски имиња и презимиња, се појавија во информативната програма на телевизијата „Хепи“ (Happy), соопшти денеска Здружението на новинари на Србија (УНС).

Во соопштението се наведува дека ова е прв случај во Србија на телевизија со национална концесија вестите, наместо новинари, да ги читаат АИ-водители.

Како што наведува УНС, АИ-водителите им се претставиле на гледачите како Бојана Филиповиќ и Марко Поповиќ, но телевизијата не ја известила публиката дека тие се генерирани со помош на вештачка интелигенција.

Претставници на телевизија „Хепи“ за УНС изјавиле дека АИ-водителите не се замена за новинарите, уредниците и за другите медиумски професионалци, туку дека нивната улога е да го унапредат начинот на презентирање на содржината и да ја зголемат ефикасноста на продукциските процеси.

„Зад секоја објавена информација и понатаму стојат новинари, уредници и стручни тимови кои ја подготвуваат, проверуваат и ја уредуваат содржината во согласност со професионалните и етичките стандарди“, порачаа од телевизија „Хепи“.

Тие додаваат дека на вештачката интелигенција гледаат како на алатка која може да го унапреди корисничкото искуство и да отвори простор за нови облици на комуникација со публиката, јавува „Н1 Србија“.

„Веруваме дека иднината на медиумите подразбира соработка меѓу луѓето и технологијата. Затоа, иновациите ги воведуваме промислено, транспарентно и одговорно, со јасна цел тие да бидат во служба на поквалитетно информирање на јавноста“, наведуваат од телевизијата.

Со Законот за електронски медиуми е забрането објавување содржини кои можат да ја доведат публиката во заблуда, особено во информативните програми, но во српското законодавство засега не постојат посебни одредби кои директно се однесуваат на користењето на вештачката интелигенција во улога на телевизиски водители.

УНС истакнува дека според Актот за вештачка интелигенција на Европската Унија, со кој ќе се усогласува и српското законодавство, гледачите мора да бидат известени кога содржината е генерирана или презентирана со помош на вештачка интелигенција.

Последните години голем број странски медиуми експериментираа со АИ-водители. Кинеската новинска агенција „Синхуа“ уште во 2018 година го претстави првиот АИ-телевизиски водител во светот, додека грчкиот јавен сервис ЕРТ во 2023 година разви виртуелен водител кој на публиката ѝ ги презентира програмските најави и кратките вести.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На телевизија во Србија вестите ги читаат…

Водители генерирани од вештачка интелигенција (АИ), кои…

Илјадници луѓе на протест во Нови Сад,…

Илјадници луѓе се собраа во саботата на…

Нова трагедија во Србија: Дете се бори…

Ноќеска во Младеновац тешко е повредено 12-годишно…

Хрватски пратеник: Без воена отштета нема членство…

За време на заедничката дебата во Европскиот…

Србија уапси лажен лекар од Македонија, доведувал…

Македонски државјанин е уапсен во Врање под…