Нова трагедија во Србија: Дете се бори за живот откако врз него се сруши метална конструкција на автобуска станица
Ноќеска во Младеновац тешко е повредено 12-годишно дете откако врз него паднала метална конструкција од автобуска станица. Како што објави Танјуг, во 23 часот и 30 минути детето е згрижено во Детската болница во Белград, откако врз него паднала металната конструкција од автобуската станица.
Српските медиуми пренесуваат дека детето е во животозагрозувачка состојба и лекарите се борат за неговиот живот.
Во еден момент, момчето се држеше за конструкцијата на постојката. Во следната секунда, масивната конструкција целосно попушти и се урна директно врз детето, изјавиле очевидци, пренесе „Мондо“.
Полицијата и јавното обвинителство работат на расветлување на случајот и истрагата е во тек.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Легендарниот кошаркар Бодирога влегува во српскиот парламент
Легендарниот кошаркар и поранешен репрезентативец на СФР…
Османи: Кремљ ги загуби двајцата свои главни…
Потпретседателот на ДУИ и екс-шеф на македонската…
Меџити: Промените победија во Србија, крајот на…
Еден од копретседателите на ВЛЕН и градоначалник…
Фон дер Лајен, Кошта и Марта Кос…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Марта Кос ѝ честиташе на Студентската листа:…
Марта Кос ѝ ја честиташе изборната победа…