НБРМ: Цената на квадрат станбен простор во Скопје расте

t

Цената на квадратниот станбен простор во Скопје непрекинато расте покажува анализата на Народната банка.

Според индексот на цени на станови кој го изготви НБРМ во второто тромесечје метар квадратен станбен простор поскапел за 8,2 отсто во споредба со првиот квартал односно првите три месеци од годинава а поскапување од 11,5 проценти се бележи на годишно ниво.

Во првите три месеци од годинава пак цената на метар квадратен станбен простор поскапела за 4,7 проценти на годишно ниво но со намалување од 0,8 проценти споредено со цената заклучно со 2023 година.

Во моментот цените на квадрат станбен простор во Скопје, во зависност од локацијата и градбата, се движат од 1.300 до 2.500 евра

Во 2023 година поскапувањето на цената на квадратен метар во Скопје е 12,2 проценти на годишно ниво.

Според индексот на цени на Централната банка, каде референтна цена е земена 2010 година, во наредната декада се бележи намалување а поскапувањето почнува во 2020 година. Во последните четири години цената на квадратот е поскапена за 40 отсто споредено со 2010 година.

Државниот завод за статистика (ДЗС) во 2021 година спроведе попис кој покажа дека во Македонија секој трет стан стои празен односно ненаселен.

Бројките покажуваат дека од вкупно 839 илјади станови, 531 станови илјади или 63,4 проценти се населени, а 307 илјади станови или 36,6 проценти се ненаселени.

Вкупната корисна површина на населените станови е 55, 2 милиони метри квадратни а на ненаселените е 27, 8 милиони метри квадратни.

Во просек населените станови имаат по 103 метри квадратни, додека ненаселените во просек се по 90 метри квадратни.

По региони најмногу празни станови има во Југозападниот регион каде од вкупно 51 илјада станови над половината се празни а најмалку празни има во Скопскиот регион каде од 243 илјади станови, 29 проценти се празни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Многу успех! Ултрамаратонецот Тони Манев ќе ја…

Ултрамаратонецот Тони Манев од Штип веќе шест…

Мицотакис: Грција нема да ги открие оружјата…

Ова е ставот на Стејт Департментот, на…

Филипче: Кредитот е неповолен, станува збор за…

Гледано од економски аспект кредитот од 500…

Минчев: Буџетот е во катастрофална состојба

Министерот за јавна администрација Горан Минчев веќе…

АХВ: Заштитете ги и животните од високите…

Во услови на високи надворешни температури Агенцијата…