Изгаснат пожарот на дабова шума во липковско Матејче
Изгаснат е пожарот на дабова шума во липковско Матејче, соопштија денеска од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово и од кумановската подружница на „Национални шуми“. Пожарот на планината над село Матејче избувнал во попладневните часови.
-Наша екипа од пет вработени со едно противпожарно возило успеа да го изгаси пожарот кој зафати нискостеблеста дабова шума на површина од околу два хектари. Со брзата интервенција екипата успеа да го спречи ширењето на пожарот, изјави в.д. директорката на кумановската подружница, Катица Станковска Ристовска.
Пожарот е изгаснат за два ипол часа, од 18:00 до 20: 30 часот.
Пожарникарите од Куманово, пак, вчера интервенирале на запалена сува трева и стрниште во село Романовце, а гаснеле пожар и во село Љубодраг на земјоделска машина. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЦУК: Активни се четири пожари
Активни се четири од 14 регистрирани пожари…
Пожарите во Штип и кај Пробиштип се…
Чистење двор или спој на разлабавени електрични…
Опожарени две возила во скопски Аеродром
Во раните утрински часови во Скопје избувнал…
(Видео) Гори амбасадата на Пакистан во Белград
Пожар избувна утрово во зградата на амбасадата…
Мачки активирале рингли во Баварија и предизвикале…
Две мачки предизвикале голем пожар во стан…