НБ: Соодветно се справуваме со предизвиците наметнати од воениот конфликт меѓу Русија и украина

t

Советот на Народната банка вчера одржа редовна седница. На неа беше усвоен Извештајот за ризиците во банкарскиот систем за вториот квартал од 2022 година.

Од Извештајот може да се заклучи дека банкарскиот сектор и во второто тримесечје од 2022 година, соодветно се справува со предизвиците наметнати од воениот конфликт меѓу Русија и Украина и ги зголемува активностите на квартална основа.

-Мерките преземени од страна на Народната банка за стабилизирање на неповолните очекувања на населението настанати по избивањето на воениот конфликт, овозможија стабилизирање на движењата кај депозитната основа. Депозитите на домаќинствата бележат раст во вториот квартал, со што годишната стапка на раст изнесува 5,2%. Кредитирањето и натаму солидно расте, со иста динамика како и во претходниот квартал, со што годишната стапка на раст на кредитите и натаму е на нивото од околу 10%. За зголеменото кредитирање во вториот квартал подеднаков придонес имаат и корпоративниот сектор и секторот домаќинства – се вели во соопштението на Народна банка.

Солвентноста на банкарскиот систем е солидна и забележува подобрување во однос на претходниот квартал, со стапка на адекватност на капиталот од 17,3%. Според извештајот, показателите за ликвидноста и натаму се на задоволително ниво, иако умерено се намалени во однос на претходниот квартал. Банките одржуваат ликвидност што е повисока за 2,5 пати од регулаторниот минимум (100%).

-Ризиците за целокупниот макроекономски контекст и натаму се изразени и се поврзани претежно со надворешното окружување, а главниот ризик и понатаму претставува неизвесноста поврзана со текот и времетраењето на воениот конфликт помеѓу Русија и Украина и неговото влијание врз цените и економската активност во глобални рамки, што може да се одрази и врз активностите на банкарскиот сектор. Народната банка, како и секогаш досега, будно ги следи сите случувања и е подготвена да ги преземе сите потребни мерки што се во нејзина надлежност секогаш кога е потребно – стои во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Продолжува судењето за пожарот во модуларната болница…

За денеска во Основниот суд во Тетово…

Денеска македонско-бугарски бизнис форум „До една милијарда…

Под покровителство на министрите за надворешни работи…

Добро утро со Инфомакс: Додека го вардиме…

На денешен ден, 7 декември, во 1993…

Денеска се празнува Светата великомаченичка Екатерина

Ќерка на царот Конста. По смртта на…

Метео: Променливо облачно и магливо време

Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе…