Неверојатно: Легендарниот Тоти со 48 години пак би можел да заигра во Серија А!

t

Еден од најдобрите италијански фудбалери на сите времиња, Франческо Тоти, би можел да направи спектакуларен камбек и тоа на 48-годишна возраст, откако изјави дека сериозно размислува да му се врати на фудбалот и тоа во екипа од Серија А.

Тој официјално се пензионира пред седум години, но смета дека би можел да се подготви доволно за да биде корисен во италијанската елита.

„Има тимови од Серија А кои сакаа да се вратам на теренот, што малку ме примора да размислам. Малку е веројатно, но никогаш не може да се каже никогаш. Има фудбалери кои се вратиле на теренот по неколку години откако заминале во пензија. Ќе зависи и од тоа кој ќе ми понуди, но би се вратил само во Серија А. Со два-три месеци тренирање би бил подготвен за половина час на теренот. Ако направам таков луд потег да се вратам во фудбалот, тоа би било во Италија, никако во странство“, изјави Тоти.

Легендарниот фудбалер целата кариера ја мина во Рома, за која одигра 786 меча и постигна 307 гола. Во 2001 година се радуваше на трофејот во Серија А, а има и два пехари од Купот на Италија и Суперкупот. Во дресот на италијанската репрезентација стана светски првак во 2006 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

НОВ УДАР ВРЗ УКРАИНСКАТА ЕНЕРГЕТИКА: Над 600.000…

Повеќе од 600.000 луѓе останале без електрична…

САЈБЕРНАПАДИТЕ СТИГНАА ДО Г7: Тајани бара заеднички…

Министрите за надворешни работи на Г7 ќе…

Македонската атлетичарка Митевска осма во финалето на…

Младата македонска атлетичарка Ева Митевска го освои…

Кој е Јово Бакиќ, претендентот за нов…

ово Бакиќ, професор по социологија и долгогодишен…

Син-монструм: Ги нападнал своите родители и им…

На 07.11.2026 околу 11:00 часот во СВР…