Објавено на:

„Невозможно“ Австрија да го забрани рускиот гас, вели шефот на австрискиот енергетски гигант

t

Австрија не може да престане да купува руски природен гас оваа година, изјави шефот на енергетскиот гигант ОМВ, Алфред Стерн, како одговор на повиците до европските држави да стават ембарго на руските испораки.

„Ембаргото на рускиот гас е невозможно ако не сме подготвени да ги прифатиме страшните последици. Некои земји би можеле да го сторат тоа, но за Австрија тоа не е можно оваа година… Постапното исфрлање на рускиот гас има своја цена“, изјави тој во интервју за Die Presse.

Стерн објасни дека за разлика од некои земји од ЕУ, Австрија „е во тешка позиција“ кога станува збор за алтернативни извори на енергија, бидејќи „нема пристап до морето, нема пристап до течен нафтен гас“.

Стерн не е сам во своите ставови во врска со зависноста на Австрија од руската енергија. Австрискиот канцелар Карл Нехамер изјави претходно оваа недела дека не поддржува никакви ограничувања за снабдување со нафта и гас од Русија во Европа.

„Од нас треба да има јасно отфрлање на какви било идеи за запирање на увозот на руски гас или руска нафта“, рече Нехамер во интервју за ТВ ОЕ24.

Во моментов, капацитетите за складирање на гас во Австрија се полни само 13%, пишуваат медиумите, цитирајќи извори од индустријата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пратениците од Левица бараат широка јавна расправа…

Пратениците на Левица најавуваат дека ќе побараат…

Владата пак се пишмани, исто како за…

Назначената на местото ревизор на ИПА фондовите,…

Приведени две лица кои се барале по…

 На 09.08.2024 година во 17,40 часот од…

Цените на нафтата се задржаа над 79…

Цените на нафтата се задржаа над 79…

Поранешен косовски МНР: Вјоса Османи да престане…

Поранешниот министер за надворешни работи на Косово,…