Невреме се приближува кон Македонија: Метеоролозите предупредуваат на дожд, грмежи и силен ветер – еве кога ќе биде најкритично!
Денес низ Македонија времето ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност, но попладневните часови носат можност за промена на временските услови во одредени делови од земјата.
Според најавите, локално ќе има услови за нестабилно време проследено со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.
Утринските температури ќе се движат во интервал од 7 до 16 степени, додека максималните дневни температури ќе достигнат од 26 до 34 степени.
Во Скопје се очекува претежно сончево време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови во делови од котлината можно е краткотрајно дестабилизирање на времето со дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, а температурите ќе се движат од околу 12 степени наутро до максимални 32 степени во текот на денот.
До крајот на работната седмица времето претпладне ќе остане променливо облачно со сончеви периоди, додека попладне локално ќе има услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Најизразени временски промени се очекуваат во четврток, кога според прогнозите ќе има пообилни врнежи, посилен ветер, интензивни грмежи и можност за појава на град во одделни региони.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Невреме се приближува кон Македонија: Метеоролозите предупредуваат…
Денес низ Македонија времето ќе биде претежно…
Трамп сподели интервју на Вучиќ
Претседателот на САД, Доналд Трамп, сподели на…
Макрон: Франција заплени руски танкер за нафта…
Франција и нејзините сојузници го запленија санкционираниот…
Газда нападнал поранешен вработен поради недоразбирање околу…
На 30 мај 2026 година во 15:15…
(Видео) Израелци во паника бегаат од плажа,…
Хезболах испали десетици ракети и дронови кон…