Недостапни се: Корисници на мобилната телефонија на Телеком со денови имаат проблеми
Им ѕвонат, но недостапни се. Корисници на мобилната телефонија на Македонски телеком со денови се соочуваат со проблеми.
Пријатели ми велат, со денови ти ѕвониме, но не можеме да те добиеме. Или ѕвони до крај или се уклучува мејли – се жалат многу граѓани, на кои овие денови им се делумно ускратени услугите на мобилната телефонија на Телеком.
Оттаму за „Република“, тврдат дека проблемот е краткотраен и набрзо ќе биде надминат.
Во текот на месец април, Македонски Телеком интензивно работи на надградба на мобилната мрежа со опрема од најнова технологија, со која значително ќе се зголеми капацитетот на мрежата. За таа цел, на терен се врши замена на опремата со нова, во градот и околината на Скопје, при што може да се појават повремени прекини или намалување на квалитетот на сервисите кај мал дел од корисниците. Работата на терен се врши етапно, по реони, за што сите корисници претходно се информираат (преку СМС пораки), како и Агенцијата за електронски комуникации. Се надеваме на разбирање, имајќи предвид дека се работи за надградби на мрежата за подобро корисничко искуство – велат од компанијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тенисерката Митевска избори осминафинале на ЕП
Македонската тенисерка Сара Митевска се пласираше во…
Рубио: Гренланд ќе биде првата линија на…
Военото присуство на САД на Гренланд ќе…
Воен авион се урна во американска воздушна…
Воен авион се урна во американска воздушна…
Во првите седум месеци од годинава Грција…
За 8,6 отсто се зголемил бројот на…
Трамп: Америка се врати и ѝ оди…
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска пред Генералното…