Недостиг на гориво во Русија – бензинските пумпи во Москва и Санкт Петербург воведоа рестрикции за купувачите
Водечките синџири на бензински пумпи во Москва, Санкт Петербург и неколку други руски региони воведоа официјални ограничувања за продажба на гориво, соопштува украинската новинска агенција УНН. Рестрикциите се движат од 20 до 100 литри по купувач, што е директна последица на тековните проблеми со снабдувањето кои се шират низ целата земја.
На бензинските пумпи на компанијата „Татнефт“ во Санкт Петербург веќе се воведени лимити од максимум 20 литри бензин и 40 литри дизел по лице, додека на други станици претходно беа забележани ограничувања до 50 литри. И покрај евидентните ограничувања на терен, Одборот за енергетика на Санкт Петербург тврди дека не постојат реални предуслови за долгорочен недостиг на гориво.
Привремени ограничувања за продажба се воведени и на неколку бензински станици во Република Татарстан. Прес-службата на лидерот на републиката соопшти дека мерката е донесена превентивно „со цел да се избегне вештачка паника и да се осигура стабилна состојба на пазарот“.
Проблемите со снабдувањето се шират низ цела Русија
Кризата со гориво веќе ги зафати и Сибир, како и Далечниот Исток. Жителите на Хабаровскиот крај континуирано реагираат на сериозни нарушувања во редовното снабдување на локалните бензински пумпи. Слични дефекти во системот за дистрибуција се појавуваат и во Кубанскиот регион.
Руското Министерство за енергетика уште на 9 јуни официјално ги призна проблемите со оперативното снабдување со нафтени деривати на домашниот пазар, кои доаѓаат во период на зачестени украински напади врз клучните руски рафинерии и енергетски капацитети, вклучително и рафинеријата „ТАНЕКО“ во Татарстан.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Недостиг на гориво во Русија – бензинските…
Водечките синџири на бензински пумпи во Москва,…
Русија и САД поседуваат 83% од светскиот…
Девет нуклеарни сили - САД, Русија, Обединетото…
„Алијанса“ од 10 европски земји бара построги…
Десет земји-членки на Европската Унија, кои формираа…
Путин до Зеленски: „Дојди во Москва на…
Рускиот претседател Владимир Путин ѝ порача на…
Пукна брана во Русија: Прогласена е вонредна…
Вонредна состојба е прогласена во Славјанскиот округ…