Независниот кандидат за градоначалник на Прилеп се откажа од платата

t

Независниот кандидат за градоначалник на Општина Прилеп, Борче Чупетрески, денеска јавно објави писмена изјава заверена кај нотар, со која официјално се откажува од платата и сите надоместоци што законски му следуваат доколку ја извршува функцијата градоначалник.

„Мене со пари не ме купувате. Во животот сум имал и премногу и премалку, но секогаш сум имал достоинство и чест. Како човек на морал и принципи, изјавувам дека нема да работам за народни пари. Истите ќе ги донирам во хуманитарни цели – за општествено добро“, наведено е во изјавата на Чупетрески.

„Воедно ги повикувам и прилепските пратеници во Собранието да се откажат од своите плати, патни трошоци и додатоци – за доброто на граѓаните и на оние на кои им е навистина неопходна финансиска помош“, додава Чупетрески.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Независниот кандидат за градоначалник на Прилеп се…

Независниот кандидат за градоначалник на Општина Прилеп,…

Макрадули: Националистичката реторика е обратно пропорционална од…

*Фејсбук статус на Јани Макрадули Изборни и…

Уапсен Босанец кој на патарината „Петровец“ платил…

Лишен од слобода државјанин на Босна и…

Бугарија е лидер во ЕУ во собирањето…

Бугарија се покажува како лидер во ЕУ…

Николоски: Нема да има предвремени избори имаме…

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…