Бугарија е лидер во ЕУ во собирањето електричен и електронски отпад

t

Бугарија се покажува како лидер во ЕУ во собирањето електронски и електричен „отпад“. Неупотребливите апарати и уреди – телевизори, шпорети, замрзнувачи, клима уреди, машини за перење, пегли, компјутери, печатачи, телефони итн. се огромна закана за животната средина, па затоа нивното предавање за рециклирање е исклучително важно.

Според податоците од Европската комисија, просечниот жител на ЕУ предава 11,2 кг опрема годишно за рециклирање. Но, Бугарите се број 1 во оваа дисциплина – со 15,6 кг, информира Сега.бг.њус.

Австрија, Полска, Чешка и Франција имаат слични резултати. А на крајот – со најмалку собран и рециклиран електронски и електричен отпад – под 7 килограми – се Грција, Португалија, Малта и Кипар. Податоците, кои се за 2022 година, се објавени по повод Меѓународниот ден за намалување на овој вид отпад – Меѓународниот ден на е-отпадот. Генералниот директорат на ЕК за животна средина истакнува дека само три земји од ЕУ ја постигнале поставената цел за „рециклирање“ на непотребни електронски направи и електрични апарати (односно, извлекување компоненти и материјали од нив што можат да се користат повторно) и нашата земја е во овие три најдобри.Бугарија, Латвија, Словачка ја постигнале целта за собирање 65% од апаратите на крајот од нивниот животен век (врз основа на продадените количини во претходните три години), се наведува во соопштението за медиумите на ЕК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Палмер: Македонија направи сè што Европската унија…

Македонија направила сè што Европската унија побарала…

Македонско-бугарската историска комисија повторно без резултати: Нема…

Последниот состанок на заедничката мултидисциплинарна експертска комисија…

Јотова и Радев криеле помилувања? Имињата се…

Во официјалниот регистар на помилувања што го…

ЕУ ги почна преговорите за бесплатен роаминг…

Европската комисија ги започна преговорите со Србија,…

Урсула фон дер Лајен следната недела во…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…