Независниот синдикат за образование најостро го осудува притисокот врз просветните работници
Независниот синдикат за образование најостро го осудува притисокот врз просветните работници, објавија од Синдикатот на социјалните мрежи.
– Дел од раководните органи во училиштата, преку закани и уцени, ги присилуваат вработените да потпишат бланко-изјави. Со овие изјави, наставниците „наводно самите бараат“ да бидат прераспределени од работна позиција одделенски наставник (со договор на неопределено време) во образовен асистент (со договор на определено време кај друг работодавач).
НСОН нема да дозволи вакво деградирање!
Правниот тим на Независниот синдикат за образование и наука (НСОН) активно работи на прибирање докази и сведоштва од работниците. Против раководните лица кои вршат притисок ќе бидат покренати соодветни пријави поради сомнение за сторен сериозен прекршок – ИЗНУДА.
АПЕЛ ДО СИТЕ ЧЛЕНОВИ И ПРОСВЕТНИ РАБОТНИЦИ:
Не потпишувајте ништо на своја рака! Задолжително консултирајте се со синдикалните претставници или со правниот тим на НСОН пред да ставите потпис на каков било акт или изјава доставена од раководството.
НСОН ќе ги искористи сите расположливи механизми за да ги заштити работниците од погазување на нивните загарантирани работнички права и да го одбрани угледот на професијата!
ЈАВЕН ПОВИК ДО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА:
Дополнително, го повикуваме Министерството за образование и наука (МОН) да изврши вонреден надзор врз работата на раководните лица во училиштата. Бараме итно да реагира и да го спречи нивното самоволие, односно да стави крај на фаворизирањето, негативната селекцијата и дискриминацијата врз вработените во секторот образование! – стои во објавата на Синдикатот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Аларм во Просветен инспекторат: Каде е и…
Извори на Инфомакс алармираат за неправилности во…
Пратениците гo намалија бројот на стипендии за…
По скратена постапка денес во Собранието беа…
Јаневска: Доколку не вложуваме во вештачката интелигенција…
Вештачката интелигенција е реалност. Таа не е…
60 проценти покачување на платите за наставниците…
Најмалку 60 проценти покачена плата ќе имаат…
Македонија ќе добие поддршка од Египет за…
Македонија ќе добие поддршка во напорите за…