Независниот синдикат на професонални војници обвинува за катастрофални услови
Импровизирани тоалети и туш кабини, кујни и храна по која се шетаат лебарки, се условите во кои престојуваат припадниците на македонската Армија особено професионалните војници. Со вакви тврдења но и фотографии и видео материјали излезе Независниот синдикат на професионалните војници од каде што тврдат дека со години ништо не е направено за да се подобрат условите.
Овде имате слика каде што има импровизирана туш кабина, има на жица закачена кофа со поликолор и на неа е монтирано некој чеп кој треба да пушта вода која војниците ја сипаат во кофа и така се тушираат бидејќи бојлерите не работат. Во зимно време војниците ја топлат водата во шерпи на шпорет. Купатила и тоалети каде што офицери, подофицери ќе ги користат но еве како изгледаат објектите каде професионалните војници ја одржуваат хигиената. Условите се како од 15 век а не како од 21 век како НАТО членка. Како гратис на овие слики е и едно видео од најголемата кујна во најголемата касарна во Македонија каде се гледа како бубачките лазат по лебот.
Од министерството за одбрана реагираа на обвинувањата од синдикатот. Оттаму велат дека се свесни за тоа дека Инфраструктурата во дел од армиските касарни не е на највисоко ниво. Нагласуваат дека станува збор за објекти во кои не се инвестирало повеќе од 50 години. Велат дека за годинава и за наредната предвидени се колу 12 милиони евра за реализација на проектите за реконструкција и подобрување на условите.
Министерство за одбрана
– Согласно приоритетите кои произлегуваат од Армијата во континуитет се работи на подобрување на објектите, на извршување на градежни активности и во другите касарни кои опфаќаат изработка на: проектно техничка документација, изградба, поправки, реновирање и реконструкции, оспособување, адаптации на објекти, како за сместување, работа, така и објекти наменети за чување и одржување на опремата која се набавува. Се работи и на активности од аспект на енергетска ефикасност на објектите.
Претходно, професионални војници од касарната во Велес поради како што тогаш кажаа нехигиенски услови, добиле шуга. За овој случај од АРМ негираа дека војниците шугата ја добиле во касарната.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Независниот синдикат на професонални војници обвинува за…
Импровизирани тоалети и туш кабини, кујни и…
Скандал во албанското МВР, 520 вработени земале…
Албанските медиуми објавија вест за скандал во…
Дизелот во Македонија скокна од 65 на…
За само два и пол месеци цената…
Миле Цеков од ЗНАМ се согласува за…
Пратеникот на ЗНАМ, Миле Цеков, со ставот…
Нетанјаху: Ликвидацијата на Лариџани е дел од…
Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, изјави дека…