Објавено на:

Скандал во албанското МВР, 520 вработени земале плата, а со години не оделе на работа

t

Албанските медиуми објавија вест за скандал во Министерството за внатрешни работи, каде во платниот список имало 520 вработени кои примале плати, без да одат на работа.

– Некои од нив со години живеат во странство, додека други се занимаваат со приватни бизниси или други активности. Феноменот покрена прашања за внатрешната контрола и одговорноста на раководителите кои со години ја дозволуваат оваа практика, наведуваат медиумите.

Скандалот бил откриен откако вршителот на должноста генерален директор на полицијата, Сокол Бижга, го суспендирал Улијан Шпатараку, ИТ асистент во директоратот, бидејќи примал плата и воопшто не се појавувал на работа, со изговор дека продолжувал со „магистерски“ студии, кога се знае дека ова ниво на студии се спроведува надвор од официјалното работно време.

– Вкупно, на платниот список на Министерството за внатрешни работи и на секое ниво на државната полиција низ земјата има 520 фиктивно вработени, кои се „препознаваат“ само по банкоматот каде што одат за да ги подигнат своите плати.

Нивното непојавување на работа е познат и повторуван проблем од страна на раководителите на структурите, но ниту еден министер или генерален директор во последните 13 години не побарал нивно отстранување од платниот список. Следствено, не е спроведена никаква истрага против шефовите кои ја дозволуваат оваа измама и кражба.

Според внатрешните прописи на Министерството за внатрешни работи и Државната полиција, секој вработен мора секој ден да се евидентира во посебна книга за присуство на работа или мора однапред да изјави кога и каде е на должност надвор од институцијата

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Доцна синоќа регистриран земјотрес во охридско-струшкиот регион

Земјотрес со магнитуда од 2,0 степени според…

56-годишен Србин загина откако се обиде да…

Трагичен инцидент го потресе Сарти на Халкидики,…

Златото повторно во пораст: цената достигна 4.384…

Цената на златото на светските пазари повторно…

На денешен ден во 1992 година Македонија…

Периодот по осамостојувањето на Македонија беше обележан…

Трамп го брани Инфантино: „Ако го смените,…

Американскиот претседател Доналд Трамп застана во одбрана…