Објавено на:

Некогаш студениот ноември оваа година ја менува формата во топол месец – вели Попоски

t

Нашите стари знаат дека во минатото, ноември месец бил студен и снежен, снег паѓало уште од Митровден (8 Ноември). Оваа година Ноември месец кај нас ќе биде потопол за 2 до 3 степени, што не е и малку, што значи дека токму овој месец кај нас, но и во целиот регион ќе ни донесе топли денови и натпросечно високи температури на воздухот, како и јужно воздушно струење. Врнежите би требало да бидат околу просекот, со нешто повеќе врнежи во посеверните предели од Балканскиот Полуостров.

Сепак да напоменеме дека и покрај ова не мора да значи дека нема да имаме периоди со постудено време. Секако во ноември го очекуваме и првиот поизразен студен бран од север, особено кон крајот на месецот, и истиот може да донесе и снег.

Се на се ќе имаме температури кои ќе надминуваат 20 степени, особено во најтоплите централни и југоисточни предели од државава.

Ако вака останат работите, минусни утрински температури и мраз кај нас не се очекуваат во првата половина од месец ноември. Сепак ќе растат условите за појава на магла по котлините и речните долини.

Едно да знаат граѓаните, а тоа е додека над Атлантикот се создаваат силни циклони и поле на многу низок воздушен притисок, кај нас нема најава за зимско сценарио, пишува Славчо Попоски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Метео: Видете какво ќе биде времето денес

Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе…

Метео: Видете какво ќе биде времето денес

Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе…

Метео: Од денес почнува снежната бајка во…

Времето наутро во оддделни котлини ќе има…

Метео: Видете какво ќе биде времето денес

Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе…

Денес времето облачно и магловито

Променливо облачно, по одделни котлини со услови…