Некој мора да го менува Каракачанов: Слави се дополни со нови навpeди за „северномакедонците со бугарски корени“

t

Бидејќи има луѓе кои не го читаат правилно тоа што сум го напишал, ќе објаснам конкретно за оние кои не го читаат текстот, туку само насловите.

Моето лично мислење како граѓанин на Бугарија во врска со почетокот на Северна Македонија на преговорите за членство во ЕУ е следново:


Република Северна Македонија – мора да ги исполните сите точки од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка што го потпишавте со Бугарија, вклучително и сè што е поврзано со историјата на Бугарија.

Севернитемакедонци мора да ги признаат своите историски бугарски корени. Ова е клучен услов. За ова не се преговара.

И до нашите партнери во НАТО и ЕУ – бидејќи сте толку заинтересирани да ја поддржите Северна Македонија за почеток на преговори за членство со ЕУ – третирајте нè како партнери какви што сакате да бидеме – без американски визи и со итен прием во Шенген.

Мислам дека сега моето мислење како граѓанин на Бугарија е повеќе од јасно, пишува претседателот на „Има таков народ“, Слави Трифонов, партија која е дел од владеачката коалиција во Бугарија, а од нејзинтие редови е и министерот за надворешни работи на Бугарија, историчарката Теодора Генчова.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) И Никола Тесла стана Бугарин: „Имал…

Темата на емисијата е историја, а „истражувачот“…

Некој мора да го менува Каракачанов: Слави…

Бидејќи има луѓе кои не го читаат…

Грандоманија: Кога Господ зема, зема се

Во пост со наслов „ГРАНДОМАНИЈА“ професорот Љубомир…

Историјата се повторува – еднаш како трагедија,…

НАРЕДНИОТ ЧЕКОР Е...? Зачудувачка е историјата на…

Трифонов доби „HE“ за предлогот за Македонија…

Три партии од владејачката коалиција - Продолжуваме…