Немања Гојковиќ за посилен РК Вардар
На две недели пред продолжението од сезоната во македонското првенство, Вардар се засили со српскиот интернационалец Немања Гојковиќ.
Искусниот центар доаѓа од Израел, односно од тимот на Бнеи Херцлија каде настапувал претходните три сезони, а претходно играл за Металопластика, Слога Пожега, Ашерслебен во Германија, Пролетер Зрењанин и Младост Чачак. На 31 години го направи својот трансфер на кариерата и ќе игра во поранешниот европски шампион.
„Голема чест и обврска е да се настапува за Вардар, за клуб со таква традиција и успеси. Воопшто не се двоеумев кога стигна поканата да дојдам тука. Убеден сум дека ќе му помогнам на клубот во неговите намери да освојува трофеи, а тоа е и мојата цел, и задача со доаѓањето во Скопје. Верувам дека заедно ќе успееме во нашите задачи“, изјави Гојковиќ на промоцијата.
Своето деби на официјален натпревар, Србинот ќе го има во големото дерби против Пелистер што е на програмата на 11 февруари во Битола.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Брнабиќ предупреди на дестабилизација на Србија
Претседателката на Народното собрание на Србија, Ана…
Отворена истрага против 24-годишниот напаѓач од Краков:…
Обвинителството во Краков денеска отвори истрага против…
Зошто странски фирми заминуваат од Србија: Во…
Странските компании како „Дрексел мајер“ и „Астер…
НОВ УДАР ВРЗ УКРАИНСКАТА ЕНЕРГЕТИКА: Над 600.000…
Повеќе од 600.000 луѓе останале без електрична…
САЈБЕРНАПАДИТЕ СТИГНАА ДО Г7: Тајани бара заеднички…
Министрите за надворешни работи на Г7 ќе…