Објавено на:

Нема веќе нафта?! Русија го запре протокот на нафта во Полска преку гасоводот Дружба

t

Русија го запре протокот на нафта во Полска преку гасоводот Дружба, објави Даниел Обајтек извршниот директор на полската нафтена компанија ПКН Орлен, пренесува Ројтерс.

„Русија го запре протокот на нафта кон Полска, за што ние сме подготвени. Само 10 отсто од суровата нафта доаѓа од Русија, а ние ќе ја замениме со други извори“, објави Обајтек на Твитер и рече дека „тие ефикасно ги обезбедуваат набавките“.

Рафинеријата ПКН Орлен изјави дека може целосно да ги снабдува своите рафинерии по морски пат и дека прекинот на испораките преку гасоводот Дружба нема да влијае на испораката на бензин и дизел за потрошувачите.

Гасоводот Дружба е изоставен од санкциите што Европската Унија ги воведе кон Русија поради инвазијата на Украина, пренесува британската агенција.

Компанијата доставува нафта за Полска, Германија, Унгарија, Чешка и Словачка, а гасоводот беше изоставен од пакетот санкции за да им помогне на земјите со ограничени алтернативи за снабдување со нафта.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Земјотрес ја погоди Албанија

Силен земјотрес ја погоди Албанија вечерва, јави…

Светот може да здивне: Иран официјално објави…

Денес, во порака до нацијата, претседателот на…

Томовски: Претходната влада трошеше недомаќински

Директорот на Службата за општи и заеднички…

Нетанјаху: Остваривме историска победа, му благодарам на…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека неговата…

Руте: Незамисливо е Русија да нè престигне…

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…