Нема лекарска грешка во третманот на 25 годишниот пациент од Берово кој почина пред еден месец на КАРИЛ

t

Нема лекарска грешка во третманот на 25 годишниот пациент од Берово кој почина пред еден месец на КАРИЛ по интервенција на заб во Штипската клиничка боленица. Така заклучила стручната комисија формирана од министерот за здравство. Беким Сали вели дека според извештајот кој му бил доставен од Комисијата, на младиот беровчанец навремено му била пружана лекарска помош, но инфекцијата не можела да се спречи.

– Според наодите кои се најдени во институциите и документацијата дознаваме дека се испочитувани сите стручни фази за пружање навремени стручни услуги кон пациентот. Меѓутоа целата компликација настанува поради системско проширување на инфекцијата во целиот организам на пациентот и не можноста за реагирање, смирување или намалување на таа инфекција, изјави Беким Сали, министер за здравство.

Иако преку допис до Министерството за здравство побаравме јавноста да го види извештајот од стручната комисија, не го добивме. Не беа соопштени ниту имињата на лекарите кои го правеле надзорот.

Што предизвикало сепса кај пациентот треба да покажат анализите на Институтот за судска медицина по направената обдукција. Овој извештај го чека и обвинителството, откако за случајот отворија предмет по допрен глас.

Од наодот ќе зависи дали некој кривично ќе одговара?

Извор: sitel.com.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Манијак во Прилеп, се самозадоволувал пред малолетно…

СВР Битола поднесе кривична пријава против И.Д.(34)…

Грција потпиша договор за набавка на 20…

Грчката влада официјално ја финализираше својата намера…

Македонскиот пасош e рангиран на 41 место…

Македонскиот пасош е рангиран на 41-то место…

(Видео) Страшна несреќа во Грција – 3агинаа…

Тешка несреќа околу пладне се случила во…

Во 62 налети полициските хеликоптери исфрлија преку…

Денеска (26.07.2024), Одделот за воздухопловни единици при…