Објавено на:

Нема назад – Путин: Мора да го прифатат губењето територии

t

Рускиот претседател Владимир Путин денеска му порача на турскиот колега Реџеп Таип Ердоган дека Москва е отворена за дијалог за Украина.

Путин изјавил дека Киев ќе мора да го прифати губењето на териториите, соопшти денеска Кремљ.

„Владимир Путин ја потврди отвореноста на Русија за сериозен дијалог под услов властите во Киев да ги исполнат добро познатите и постојано изнесени барања и да ја земат предвид новата реалност во врска со териториите“, се вели во соопштението на Кремљ, пренесе „Ројтерс“.

Според извештаите, Путин ја повторил и „деструктивната улога на Западот, кој го снабдува Киев со оружје, информации и насоки“.

Лидерите разговараа и за голем број енергетски прашања вклучувајќи ja и изградбата на нуклеарната централа „Акују“, соопшти Кремљ.

Исто така, како што се додава, Путин уште еднаш му повторил на Ердоган дека треба да се укинат сите бариери за рускиот извоз на храна и ѓубрива. Ердоган и Путин разговараа неколкупати од почетокот на војната во Украина.

Турција дејствуваше како посредник заедно со Обединетите нации при склучувањето договор, со кој се овозможи извоз на жито од украинските пристаништа, потсетува „Ројтерс“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Наместо економски бум, Македонија тресна на…

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вечерва укажа…

Украина дозволи двојно државјанство за справување со…

Парламентот на Украина денес усвои нов закон…

Евакуирани дел од американските дипломати во Израел

Двајца американски претставници велат дека владин авион…

Филипче: Скопје е затрупано со ѓубре, Мицкоски…

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, се обрати…

Утре ќе има боево гаѓање кај делчевското…

Поради боево гаѓање со огнено оружје, утре…