Нема нови случаи на Западен Нил во Македонија

t

Нема нови случаи на вирусот Западен Нил во Македонија во последната недела, а двајца пациенти се отпуштени од болничко лекување. Во периодот од 30 септември до 6 октомври не е регистриран ниту нов смртен случај, покажува најновиот неделен извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Од почетокот на годината до 6 октомври, во земјата се евидентирани вкупно 71 случај на Западен Нил, од кои 66 се потврдени, а пет се водат како веројатни. Во истиот период починале десет пациенти, сите мажи на возраст од 62 до 83 години.

Девет од починатите биле од Скопје, а едно лице од Куманово. Сите биле хоспитализирани, а кај деветмина биле евидентирани и претходни здравствени состојби.

Според податоците на ИЈЗ, од вкупно 69 пациенти хоспитализирани со невроинвазивната форма на болеста, 56 биле отпуштени од болница, додека тројца сè уште се на лекување. Просечното времетраење на болничкото лекување кај отпуштените пациенти и кај починатите изнесувало 15 дена.

Најголем број случаи се регистрирани во скопскиот регион – вкупно 63. Три случаи се евидентирани во Велес и околината, два во Кавадарци и околината, а по еден случај во Куманово, Свети Николе и Тетово.

Од вкупниот број заболени, 52 се мажи, а 19 се жени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нема нови случаи на Западен Нил во…

Нема нови случаи на вирусот Западен Нил…

Санду: Обединувањето со Романија би донело поголема…

Претседателката на Молдавија, Маја Санду, маргините на…

Пред нас се два продолжени викенда во…

Октомври годинава носи два продолжени викенда за…

КОРИДОРОТ 8 ЗА БРИСЕЛ Е ВАЖЕН И…

Македонија засега не е активно вклучена во…

Кузеска: Левица не гласаше за минимална плата,…

На прес-конференција, портпаролката и членка на Извршниот…