Нема повеќе да роварат одвнатре – велат од СДСМ откако над 30 нивни членови преминаа во ЗНАМ

t

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија објави дека повеќе од 30 членови од Општинската организација на СДСМ во Ѓорче Петров преминале во нивната партија. Новите членови биле пречекани од генералниот секретар на ЗНАМ, Горан Минчев, и претседателот на Општинската организација во Ѓорче Петров, Славољуб Тотиќ.

Пристапувањето на новите членови, оценуваат од ЗНАМ, е потврда сè поголем број граѓани ја препознаваат нивната политика како автентична, принципиелна и посветена на интересите на граѓаните.

„Состојба во која се наоѓа СДСМ, отсуството на јасна политичка визија и губењето на довербата кај граѓаните се дел од причините поради кои членството ја напушта партијата. ЗНАМ продолжува да ги отвора вратите за сите чесни, искрени и принципиелни луѓе кои сакаат да придонесат за поинаква, одговорна и достоинствена политика“,
велат од Движењето ЗНАМ.

Коментирајќи ја одлуката, од опозицискиот СДСМ оценија дека нивните редови сега се почисти за неколку лица кои, како што велат, ровареле внатре во партијата. Преминувањето во ЗНАМ денес, додаваат од СДСМ, е исто како некој во 1945 година да преминал кај четниците.

„За жал, на таквите не им е до Македонија, туку до ситни пари, не сфаќајќи дека самите се етикетирале за целиот живот. Кога ги откривме сите оние кои за пари се обидуваат да ја спречат борбата против мафијата, неколкумина брзо-брзо преминаа во ЗНАМ – здружението на Максо Димитриевски, спонзорирано од Мицкоски“, коментираат од СДСМ.

Оттаму додаваат дека е добро што овие членови го покажале своето вистинско лице сега отколку и понатаму да бидат дел од партијата и одвнатре да работат против СДСМ.

„Додека граѓаните и поединци застануваат на страната на СДСМ и фронтот за вистина и правда во борбата против бандата на власт предводена од Мицкоски, ЗНАМ се фали со своите нови платеници. ЗНАМ е сателит. И ЗНАМ 2.0 е алатка на Мицкоски. Максо го наплати предавството на партијата и гласачите. Сега ја извршува последната задача – да го собере она што им останало од нивната екипа во нашите редови. Сега сите се на исто место. Им благодариме. Вистината излегува на виделина. Бандата ќе одговара“,се наведува во реакцијата на СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нема повеќе да роварат одвнатре – велат…

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија објави…

Денес започнува обврската за зимска опрема

Како и секогаш, и оваа година остануваме…

Кирил Петков: Русија сака да одлучува наместо…

Русија сака да одлучува наместо нас што…

Иран соопшти дека со шест дрона нападнал…

Иранската Исламска револуционерна гарда утринава соопшти дека…

Песков откри каде и кога ќе се…

Рускиот претседател Владимир Путин, неговиот кинески колега…