Несреќата не оди сама – се повреди Јамал

t

Во екот на резултатската криза во која се најде Барселона, нов проблем на тренерот Ханси Флик му создава еден од најдобрите играчи во тимот Ламин Јамал.

Тинејџерот не го дочека крајот на синоќешниот натпревар против Леганес затоа што доживеа повреда на скочниот зглоб на десната нога и во 75. минута го напушти теренот. Настапот на Јамал на дербито против разиграниот Атлетико сега е под знак прашалник, а во текот на денов ќе бидат извршени дополнителни тестови и ќе има повеќе информации за состојбата на младиот крилен играч.

Евидентен е и падот во неговата форма последниот месец што во еден дел е и причина за лошите резултати на Барселона која од средината на ноември, освои само пет од можните 18 бода.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израелскиот претседател му го довери мандатот на…

Израелскиот претседател Исак Херцог денеска му го…

Отпорноста на бактериите на антибиотици е сè…

Отпорноста на бактериите на антибиотици, која во…

Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…

Иран и Русија планираат изградба на гасовод…

Иран планира во соработка со Русија да…