Нетанјаху вели дека жали за нападот врз болницата во Газа

t

Израел „длабоко жали“ за нападот на израелските одбранбени сили (ИДФ) врз болницата Насер во Кан Јунис, се вели во денешното соопштение на англиски јазик од кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

„Израел длабоко жали за трагичната несреќа што се случи денеска во болницата Насер во Газа. Израел ја цени работата на новинарите, медицинскиот персонал и сите цивили. Воените власти спроведуваат темелна истрага“, се вели во соопштението, пренесува „Тајмс оф Израел“.

Израелските воени функционери претходно денеска за медиумите на хебрејски јазик изјавија дека израелски тенковски тим утрово гранатирал камера поставена во болницата Насер во Кан Јунис, на југот на Појасот Газа, поради верувањето дека уредот се користи за следење на трупите.

Во тој напад, според претходните извештаи на палестинските власти, загинале 20 лица, меѓу кои и петмина новинари, а нападот предизвика широка меѓународна осуда.

„Нашата војна е со терористите на Хамас. Нашите праведни цели се да го поразиме Хамас и да ги вратиме нашите заложници дома“, истакна Нетанјаху во соопштението.

Директорот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, денеска го повика Израел да ги прекине нападите врз здравствените установи во Појасот Газа, откако утрово во напад на болницата Насер загинаа 20 лица.

„Додека луѓето гладуваат, нивниот веќе ограничен пристап до здравствена заштита е дополнително осакатен со повторените напади“, напиша тој во објава на Икс.

Гебрејесус повика итно да прекинат нападите врз болниците и на прекин на огнот, додавајќи дека СЗО примила извештаи оти во нападот се ранети 50 лица, вклучително и пациенти кои веќе биле во тешка состојба.

Реакција стигна и од генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш. Неговиот портпарол Стефан Дижарик соопшти дека Гутереш силно го осудува убиството на Палестинците во израелските напади кои ја погодија болницата Насер во Газа и повикува на брза и непристрасна истрага.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нетанјаху вели дека жали за нападот врз…

Израел „длабоко жали“ за нападот на израелските…

Лукаревска: Кај граѓаните има огромно разочарување од…

Фејсбук објава на СДСМ Лукаревска: Кај граѓаните…

Трамп: Војната во Газа ќе заврши за…

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека…

Скандинавска шахта во Гевгелија!

На социјалните медиуми кружи слика од шахта…

Макрон: Израелските напади врз болница во Газа…

Францускиот претседател Емануел Макрон денес изјави дека…