Објавено на:

Трамп: Војната во Газа ќе заврши за неколку недели

t

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека војната во Појасот Газа ќе заврши за неколку недели, иако не откри детали за тоа како ќе се стави крај на конфликтот.

Трамп рече дека често контактирал со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и му рекол дека војната во Појасот Газа мора наскоро да заврши, објави Ројтерс.

Тој рече дека САД и Израел продолжуваат да вршат притисок врз палестинската група Хамас да ги ослободи преостанатите заложници. Трамп посочи на напорите на специјалниот претставник на САД за Блискиот Исток, Стив Виткоф, за обезбедување ослободување на заложниците, како и за обезбедување помош во храна за Појасот Газа.

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, им рече на новинарите во Белата куќа, во заедничка изјава со Трамп, пред средбата со јужнокорејскиот претседател Ли Џае-мјунг, дека САД сакаат војната во Појасот Газа да заврши и дека конфликтот ќе заврши без Хамас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп: Го победивме Иран, но сакаме целосна…

Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска прогласи победа…

Нетанјаху: Влада на национално единство сè уште…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека…

Савески до пратениците: Во овој момент не…

Државниот јавен обвинител Ненад Савески, кој беше…

Мицкоски: Цените на енергенсите во Европа се…

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју…