Нетанјаху не ја исклучува опцијата за атентат врз Хамнеи

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во интервју за „Еј-би-си Њуз“ изјави дека не ја исклучува можноста за атентат врз врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, оценувајќи дека тоа не би било чин на ескалација, туку средство за конечно решавање на конфликтот.
„Го правиме она што треба да го направиме. Веќе ги елиминиравме нивните водечки нуклеарни научници. Имаме уште работа на други локации“, рече Нетанјаху, алудирајќи на претходни израелски акции за елиминација на клучни фигури поврзани со иранската нуклеарна програма.
Во интервјуто, израелскиот премиер ја бранеше легитимноста на нападите врз Иран, тврдејќи дека тие се во функција на „заштита на човештвото“. Тој предупреди дека иранската нуклеарна програма претставува глобална закана:
„Денес целта е Тел Авив, утре би можел да биде Њујорк“, рече Нетанјаху. Ја разбирам политиката Америка на прво место, но не ја разбирам Америка мртва – изјави тој.
Трамп го одбил израелскиот план
Истовремено, агенцијата Ројтерс објави дека израелските власти во последните денови предложиле план за атентат на Хамнеи до американскиот претседател Доналд Трамп, но тој го одбил предлогот. Според двајца високи американски функционери, Трамп ставил вето со објаснување дека таквиот потег би го вовлекол Вашингтон во отворен воен судир со Иран.
Нетанјаху ги отфрли ваквите тврдења во интервју за „Фокс њуз“, нарекувајќи ги „лажни извештаи“ и одбивајќи да коментира за разговори „кои никогаш не се случиле“.
„Ќе го направиме она што треба да го направиме. И мислам дека САД знаат што е добро за нив“, изјави тој.
Израелскиот премиер посочи дека израелските воени операции ќе продолжат сè додека не бидат целосно уништени сите ирански нуклеарни капацитети. Според него, тоа е единствениот начин да се спречи ирански напад врз Израел и западните сојузници.
Хамнеи – клучна фигура на иранската политика
Ајатолахот Али Хамнеи, кој има 85 години, ја извршува функцијата врховен лидер на Иран од 1989 година и има апсолутен авторитет во државата. Тој е креатор на клучните стратешки политики, вклучувајќи ја и нуклеарната програма, и е над сите политички институции – од претседателот до парламентот.
Атентат врз него би претставувал сериозен преседан во меѓународните односи и речиси сигурна ескалација на војната меѓу Израел и Иран во отворен, регионален конфликт со глобални импликации.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нетанјаху не ја исклучува опцијата за атентат…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во интервју за…
Вашингтон Пост: Нетанјаху го штитеше Xамаc
Израелскиот премиер го запре секој обид за…
Нетанјаху: Израел ќе удри по Xамаc „со…
Премиерот рече дека ќе го одложи продолжувањето…
Нетанјаху: Продолжуваме да војуваме до целосна победа!
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им се обрати…
Лидерот на опозицијата во Израел му порача…
Премиерот мора да биде заменет со стабилна…