Нејмар чека четврто дете со трета различна жена!

t

Еден од најдобрите светски фудбалери, капитенот на Бразил, Нејмар на Инстаграм потврди дека ќе стане татко по четврти пат и дека чека девојче со својата партнерка Бруна Бјанкарди!

Споменатата двојка очекува второ заедничко дете, претходно добија и девојче во октомври 2023 година, додека Бразилецот има уште две деца пред Бруна.

– Нека пристигне здраво! Те очекуваме да го зголемиме нашето семејство. Господ да не чува од сите лоши работи – порача Нејмар на Инстаграм.

Неговиот најстар син Дави Лука веќе има 13 години и е роден во Сао Паоло во август 2011 година.

Нејмар го доби со поранешната партнерка Каролина Дантас. Иако своите деца најчесто ги држи подалеку од очите на јавноста, таа повремено на социјалните мрежи споделува среќни моменти со семејството.

Тој исто така имаше кратка врска со инфлуенсерката Аманда Кимберли, која ја роди ќерката Хелена во јули 2023 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Голем пожар во близина на Битола

На социјалните мрежи се појавија фотографии од…

Клековски: Треба да пресметаме дали е поедноставно…

Треба да направиме проценка дали ни е…

Семејството на починатиот: Докторот беше пијан! –…

Седум дена вратите на семејството Адеми од…

Што работел Локалниот совет за превенција во…

Општина Кочани, според официјалните податоци, има формирано…

Четири момчиња загинаа во Албанија откако се…

Четири момчиња на возраст од 20 до…