Не е на арно: Шефот на ЦИА ја посети Украина

Шефот на ЦИА, Вилијам Барнс неодамна беше во Киев, каде што разговараше со украинскиот претседател Владимир Зеленски и шефовите на специјалните служби за тензиите во регионот и напорите за деескалација, објавија американските медиуми.
„Минатата среда директорот Барнс беше во планирана посета на Киев, каде имаше консултации со колегите од разузнавачките служби во врска со опасноста од руска инвазија на Украина“, објави Си-Ен-Ен, цитирајќи неименуван американски функционер
.
Главна тема на разговорот, изјави функционерот, била проценката на опасноста со која се соочува Украина.
Русија ги отфрли тврдењата на Западот дека има агресивни намери кон Украина, но предупреди дека можноста за интеграција на земјата во НАТО претставува „црвена линија“ и затоа побара од САД и нивните сојузници гаранции дека такво нешто нема да се случи.
Минатата недела се одржаа разговори меѓу Русија и САД, НАТО и ОБСЕ за безбедноста во Европа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Русија нема да застане: Ова е…
Русија нема да застане во Украина, сите…
Ништо од мирот: Украински командант најави нова…
Командантот на украинските копнени сили Олександр Сирски…
Браво ќе ни кажат: Македонија е четврта…
Министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар…
Ќе ви се слоши: Светска банка пресмета…
Цената на обновата на Украина од руската…
Нов исклучок за Украина: Првпат ММФ ѝ…
Украина ќе добие финансиска поддршка (кредит) од…