Не знам со кое лице ќе се појават пред народот, јаделе и пиеле на негова сметка додека граѓаните крпат за леб

t

„Освен дека е за осуда, јас не знам што повеќе да кажам“, изјави градоначалничката Данела Арсовска во гостувањето зборувајќи за парите потрошени на јадење и пиење од претходната управа на градот.
„И тоа имајќи во предвид дека доаѓа од личости кои толку многу напаѓаат, во изминатиов период, мене сега ми е јасно зошто било така. Одговорност ќе си има. Јас не знам со кое лице конкретните лица ќе излезат повторно во јавноста, ќе се појават и ќе зборуваат било што и ќе бараат од боло кого одговорност. Јас сметам дека за нив најдобро би било, да си дадат оставки од позициите што ги имаат. Ја сметам дека секој што ќе ги погледне ќе гледа луѓе што практично трошеле илјадници евра од средства на граѓание и тоа неосновано, без договори за јавни набавки, надвор од сите проуси и сите регулативи коишто дозволуваат во нашето законодавство, едноставно. Не знам како да го опишам тоа. Кога надвор граѓаните се борат денот да го преживеат и имаат проблем од ден за ден, јас не знам кој и со каков образ ги трошел и уште на крајот има лице да излезе да критикува, да зборува и да збоува за програми и за иницијативи, за реализирање“, рече Арсовска.

Градоначалничката истакна дека најмалку што можат е да си дадат оставки од функциите, но и да понесат одговорнот за несовесното трошење на народните пари.

„И ако била целта во овие изминато два месеци од тие личности коишто излегуваа секој ден на прес конференција да превенираат ова да се случи, ете не им успеа. Јас сметам дека тие треба да си понесат одговорност и ако ништо друго, да си дадат оставки од позициите во моментов“, вели Арсовска

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

19 годишно момче загина во сообраќајка во…

Попладнево во скопската населба Радишани се случила…

10 години од поплавите во Скопје во…

Скопје денеска одбележува десет години од невремето…

Водата во Скопје е квалитетна и безбедна…

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје соопшти…

Слаб земјотрес вечерва во Скопје

Слаб земјотрес со јачина од 2,5 степени…

Тинејџер со пиштол шетал низ Скопје

На 27.07.20226 во 19:50 часот на ул.„Димитар…