НЕ НАСЕДНУВАЈТЕ НА ЛАГИ: Не е точно дека исчезнатото девојче влегло во некаков автомобил!

t

Не е точно дека исчезнатото 14-годишно девојче од Скопје влегло во некаков автомобил, велат од Министерството за внатрешни работи од каде апелираат медиумите и јавноста да не наседнуваат на лаги.

Министерството за внатрешни работи попладнево со фотографија и опис ја објави Вања Ѓорчевска во регистарот на исчезнати лица на Македонија.

ЃОРЧЕВСКА ВАЊА – татко Александар, мајка Зорица род.27.02.2009 год. во Скопје каде и живее.

Исчезната на 27.11.2023 год. во утринските часови на пат кон ООУ „Песталоци“ во општина Центар-Скопје.

Опис: висина 175 см, тежина 58 кг, коса темно кафеава, очи кафеави, носи протези на горни и долни заби,има бемка на десна страна од лицето. Облечена во плав блузон, црна јакна, црни фармерки со странични џебови, бели патики со кафеави линии. Со себе носи школски ранец и мобилен телефон марка Ајфон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Дома чувале „цел арсенал“: Автоматски пушки,…

На 25.07.2024, полициски службеници од Одделот за…

„Очекувам истрага и кривична пријава“: Пандов доставил…

В.д директорт на Управата за извршување на…

(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 148 тони…

Денеска (23.07.2024), Одделот за воздухопловни единици при…

Уапсен крадец: Преку балкони влегувал во станови…

Денеска (22.07.2024) од страна на полициски службеници…