Не очекуваат големи врнежи на снег

Од утре до четврток времето ќе биде стабилно. Утре со засилен северен ветер, а во следните два дена со ниски утрински температури, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Од УХМР влажен бран со врнежи од снег очекуваат од петок.
Времето денеска е променливо облачно со слаба магла по одделни котлини, во источните делови посончево. Во западните делови на повисоките места и на планините попладне ќе има повремени слаби врнежи од снег, а на пониските места од дожд.
Кон крајот на денот повремен снег ќе има и во североисточните делови. Попладне ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието на места засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12 степени.
Во Скопје времето е променливо облачно со слаба магла. Попладне ќе дува умерен северен ветер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ ОД ВТОРНИК
Дневните температури од вторник ќе опаднат за…
Нов топлотен бран во четврток и петок
Во Македонија во вторник посвежо утро со…
Пеколот ќе продолжи и во следните денови:…
УХМР информира дека и во следните денови…
По повеќе од една деценија падна снег…
Во Јужна Африка падна снег првпат од…
Попладне и викендов се најавува невреме со…
УХМР известува дeка во текот на попладневните…