Снег на Стража, Буково, Ѓавато и Пресека, укинати забраните за камиони
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози во западните и југозападните делови од државата, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот. Во останатите делови од државата коловозите се претежно суви, информира АМСМ.
Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, во Маврово, Крушево, на планинските превои Стража, Буково, Ѓавато и Пресека. Забраните за сообраќај за тешки товарни возила на патните правци Гостивар-Кичево преку планинскиот превој Стража и крак Маврово-Дебар се укинати изутрина во 05:30 часот.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Петрова и Муцунски во четврток ќе се…
Министрите за надворешни работи на Македонија и…
(Фото) Падна првиот снег во Македонија
Првиот ден од есента донесе вистинско изненадување…
На последниот ден од летото вее снег…
Денес во српскиот туристички центар Копаони падна…
Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…
И покрај законските гаранции за еднаква плата…
Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…
Во јули годинава се издадени 367 одобренија…