Николоски: Дијаспората доби директна линија Женева – Скопје

t

Министерот за транспорт Александар Николоски вечерва присуствуваше на партиски настан во Ново Село, организиран од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, каде што се сретна со претставници на македонската дијаспора, членови и симпатизери на партијата.

Во објава на социјалните мрежи, Николоски истакна дека настанот поминал во, како што наведе, „прекрасна енергија, позитивна атмосфера и патриотизам“, нагласувајќи дека заедно со присутните разговарале за проектите насочени кон подобрување на животот во државата.

Тој посочи дека токму на барање на дијаспората била отворена директната авионска линија Женева – Скопје, која, според него, значително ќе ја олесни комуникацијата и почестите посети на иселениците во Македонија.

Николоски најави и дека се работи на проектот за изградба на експресниот пат Радовиш – Струмица – Ново Село, оценувајќи го како важен инфраструктурен проект што ќе придонесе за подобра поврзаност и развој на регионот.

„ВМРО-ДПМНЕ е партија на народот, обединета и силна“, порача Николоски во својата објава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Николоски: Дијаспората доби директна линија Женева –…

Министерот за транспорт Александар Николоски вечерва присуствуваше…

Утре сончево и многу топло со температура…

Времето утре ќе биде сончево и многу…

Макрон ги осудува новите руски напади врз…

Францускиот претседател Емануел Макрон ги осуди денес…

Пекол во Србија: Изгоре маж во еден…

Помошникот министер и раководител на Секторот за…

Осум лица кои чекале на железничка станица…

Осум лица беа убиени преку ноќ додека…