Пекол во Србија: Изгоре маж во еден од пожарите
Помошникот министер и раководител на Секторот за вонредни ситуации на Министерството за внатрешни работи Лука Чаушиќ денес изјави дека околу 14 часот во Делиблатски пeсоци избувна нов пожар, кој, поради ветерот, брзо се проширил на повеќе од 300 хектари. Чаушиќ изјави дека пожарот избувнал на околу еден километар од подрачјето каде што на 22 јули беше успешно локализиран и изгаснат голем пожар и истакна дека Секторот за вонредни ситуации веднаш испратил дополнителни сили на терен.
„Повеќе од 80 припадници на Секторот за вонредни ситуации, доброволни противпожарни единици и „Војводина“ моментално учествуваат во гаснењето на пожарот, додека од воздух се распоредени три хеликоптери на Министерството за внатрешни работи, Камов Ка32, Х215 Супер Пума и Х145. Исто така, очекуваме пристигнување на тешка механизација за создавање мерки за гаснење пожар, со цел да се спречи понатамошното ширење на пожарот“, рече Чаушиќ, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Тој повторно апелираше до граѓаните да не палат оган на отворено и да бидат исклучително внимателни додека се во природа, имајќи предвид дека Србија продолжува да се соочува со екстремно високи температури и зголемен ризик од пожари.
– Денес, во селото Лучица во близина на Пожаревац, имавме трагичен случај во кој едно лице почина поради пожар што самиот го предизвикал. Ова е најсериозната последица од неодговорното однесување и затоа уште еднаш ги повикувам сите граѓани на максимална претпазливост, рече Чаушиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Франција: Над 1.800 уапсени и 500 повредени…
Полицијата ширум Франција уапси најмалку 1.800 лица…
73-годишник од Крива Паланка осомничен дека силувал…
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка…
Рации на над 60 локации низ Македонија,…
По координираната акција изминативе два дена во…
Масовен украински напад со над 1.000 дронови…
Украина започнала масовен воздушен напад врз Русија…
Тројца турски државјани осомничени за обид за…
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за…