Николоски: По брзата пруга возовите ќе се движат до 200 километри на час

t

Македонија се подготвува за значајна модернизација на железничката инфраструктура со изградба на брза пруга на Коридорот 10, по која возовите ќе се движат со брзина до 200 километри на час, најави вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.

Во интервју на „Ноќно студио“, Николоски истакна дека проектот претставува стратешка инвестиција со која земјата ќе добие ново геостратешко значење во регионот.

Тој нагласи дека планот предвидува целосна изградба на брза железница од границата со Србија до границата со Грција, наместо делумна реконструкција како во претходните проекти.

-Сакаме да изградиме брза пруга од границата со Србија до границата со Грција. Ова е повеќе од економски проект, ова е стратешки проект кој ја позиционира Македонија како важна алка меѓу Атина и Будимпешта – изјави Николоски.

Проектот се реализира во рамки на стратешко партнерство со Велика Британија, а во подготовките се вклучени и меѓународни компании кои работат на студии и анализи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ : Србија нема да воведе caнкции…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека…

Украдени машини од градилиште на пругата Куманово…

Непознати лица украле машини на компанија која…

ХОРОР: Марија, мајката на убиеното дете Александар…

„Нефункционалните институции ми го убија детето. Мојот…

Воз до Албанија – Еко системот на…

Директорот на Македонски железници – Инфраструктура, Хари…

(Видео) Николоски: Почитувани пријатели, позади нас е…

Александар Николоски денеска на својот Фејсбук им…