Објавено на:

Вучиќ : Србија нема да воведе caнкции против Pусиja

t

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека Србија нема да воведува санкции кон Русија и дека ќе се држи до својата сегашна политика, и покрај различните најави од владата.
Вучиќ рече дека граѓаните на Србија поддржуваат таков правец бидејќи тоа е „политика на независна и суверена држава“.

„Ќе продолжиме со нашата политика, која беше принципиелна и која досега се покажа како точна, која никому не му се допаѓаше, ниту на оние на Запад ниту на оние на Исток“, нагласи Вучиќ.

Реакцијата на Вучиќ следи по интервјуто на министерот за европски интеграции Немања Старовиќ за австриската агенција APA. Старовиќ навести дека Србија може да размисли за усогласување со санкциите на ЕУ против Русија откако нејзиното членство во Унијата ќе стане неизбежно.

Тој објасни дека одбивањето да се воведат санкции произлегува од економска неопходност, а не од политичка лојалност кон Москва.

„Русија воопшто нема да биде погодена, но српската економија ќе биде погодена во огромна мера“, рече Старовиќ.

Сепак, претседателот Вучиќ ги отфрли тие изјави, нарекувајќи ги „невнимателни“.

„Жал ми е што некои од нашите пријатели во руските медиуми едвај чекаат да најдат нешто за кое ќе ја критикуваат Србија. Исто така, жал ми е што имаме многу луѓе на нашата домашна политичка сцена кои би сакале да ги бранат Русите отколку Србија. Морам да ги разочарам, Србија нема да воведе санкции врз Русија“, рече Вучиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Директорот на Радио-телевизијата на Војводина поднесе оставка

Генералниот директор на Радио-телевизијата на Војводина (РТВ),…

Руската независна „Новаја газета“ престанува со работа…

„Новаја газета“, еден од историските симболи на…

Брнабиќ: Повикам на мир, мнозинството да преземе…

Вршителката на должноста претседател на Република Србија,…

САД бараат од балтичките сојузници да не…

Официјални лица од Пентагон во последните недели…

Студентите во Србија најавуваат специјален суд и…

По изборната победа во Србија, студентското движење…