„Ништо не е повидливо и ништо не е поприсутно од твоето отсуство“ – 92 години од раѓањето на Петре Мито Андреевски
Пред 92 години на 25 јуни 1934 година, во селото Слоештица, демирхисарско е роден Петре М. Андреевски, македонски поет, романописец, раскажувач и драмски автор. Се вбројува меѓу најдаровитите, а воедно и најпопуларните македонски поети и раскажувачи. Студирал на Филозофскиот факултет во Скопје. Неговата поезија и проза веројатно и најчесто се наоѓа во нашата рубрика „Добро утро со Инфомакс“.
Андреевски бил член на Македонската академија на науките и уметностите, на Македонскиот ПЕН центар и на Друштвото на писателите на Македонија на чие чело бил еден мандат. Творештвото на Андреевски опфаќа: романи, поезија, раскази, драми, есеи и детска книжевност. Неговите дела се преведени на повеќе јазици: српски, хрватски, француски, романски, англиски, шпански, јапонски итн.
Во два наврати (1984 и 2002 година) биле објавени одбраните дела на Андреевски, во пет и во шест тома. Најпознати дела: „Јазли“, „И на небо и на земја“, „Дениција“, „Дални наковални“, „Пофалби и поплаки“, „Вечна куќа“, „Седмиот ден“, „Неверни години“, „Сите лица на смртта“, „Пиреј“, „Скакулци“, „Небеска Тимјановна“, „Последните селани“, „Тунел“ и други. Бил добитник на наградите: „11 Октомври“, „Браќа Миладиновци“, „Рациново признание“ и „Стале Попов“.
Постхумно му бил доделен Орден за заслуги за Македонија, за исклучителниот придонес во развојот и зацврстувањето на македонскиот дух и националната самобитност.
Починал на 25 септември 2006 година, а бил погребан во родното село.
Петре е човекот кој со своето дело го облагороди македонскиот јазик. Секој негов збор, секоја мисла, секој стих е како пиреј и пак ќе никне, оти е врежан во нашето битие и е гордост која не смее да се заборави. И секоја година, на овој ден, „ништо не е повидливо и ништо не е поприсутно од твоето отсуство“, драг поету, бидејќи поради тебе и твојата „Дениција“ светот уште еднаш слушна за Македонија и за македонскиот јазик.
Вечна ти слава!
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ѓоко Ристов негира вина за пронајдените 350.000…
Во Кривичниот суд започна судењето против суспендираниот…
(Видео) Снимен обид за барање мито од…
На инстаграм се појави видео снимено на…
Притвор за судски полицаец и службеник за…
Основниот кривичен суд Скопје ја информира јавноста…
Се огласија од СПМ откако вчера им…
Социјалистичката партија на Македонија се огласи откако…
Ина Многуфина со коментар за соѕиданите пари…
Вчера како бомба одекна веста за откако…