Притвор за судски полицаец и службеник за примање на мито!

t

Основниот кривичен суд Скопје ја информира јавноста дека:

Постапувајќи по предлог на надлежното обвинителство, на 09.04.2026 година судот донесе решение со кое на лицето Г.А.А., вработен како судски службеник – судски полицаец во овој суд, му определи мерка притвор во траење од 30 дена поради основано сомневање дека сторил кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание, а кумулативно судот оцени дека постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, како и можноста за влијание врз сведоци и докази во текот на постапката. Против решението не е поднесена жалба и е правосилно.

Дополнително, надлежното обвинителство поднесе предлог за определување мерка притвор и за лицето Ф.Џ. вработен како судски службеник – доставувач во овој суд, поради основано сомневање за помагање во извршување на кривичното дело – Примање награда за противзаконито влијание, но судот не го прифати предлогот на надлежното обвинителство за определување мерка притвор. Наместо тоа, на лицето Ф.Џ., на 22.04.2026 година му определи мерка куќен притвор во траење од 30 дена. Мерката куќен притвор е определена поради основано сомневање за помагање во извршување на кривичното дело. При донесувањето на оваа мерка, судот утврди дека постојат околности што укажуваат на опасност од бегство, како и можност за влијание врз сведоци и докази. Против ова решение, јавниот обвинител има поднесено жалба до кривичниот совет на овој суд.

И покрај тоашто двајцата осомничени се вработени во овој суд, Основниот кривичен суд Скопје одлучуваше по предлозите поднесени против двајцата осомничени, бидејќи кривичното дело е од лепезата на кривични дела кои се судат во одделението за организиран криминал и корупција, а имајќи ја предвид судската пракса, судот не може да биде изземен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Притвор за судски полицаец и службеник за…

Основниот кривичен суд Скопје ја информира јавноста…

Мојсоска: Еден тендер за одржување на фонтани…

Еден тендер за одржување на фонтани во…

Претрес во Скопје, пронајдена дрога и насади…

На 20.04.2026 во Скопје, на подрачје на…

Косовец уапсен во Скопје, со остар предмет…

Косовски државјанин е уапсен откако со остар…

ЈСП: Жичницата на Водно денеска нема да…

Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје информираше…