Објавено на:

Ништо од тргање на ветото: Василев не успеа да направи Влада, ќе го врати мандатот кај Радев!

t

Мандатот на претседателот Румен Радев ќе го вратиме неисполнет. Ова го изјави вицепремиерот и министер во оставка Асен Василев, кандидат на „Продолжуваме со промената“ за премиер, јави известувачот на БГНЕС.

„За жал, не успеавме да најдеме 121 пратеник да ја поддржат нашата програма, реформите во правосудството, законодавната активност, за да може да се спроведе Планот за развој и одржливост и пред се она што го ветивме кога дојдовме на власт – да го имаме нема корупција, дека државата треба да работи за народот, а средствата да не одат за неколку специјално избрани фирми“, рече Василев.

Тој посочи дека во овој парламент успеале да стигнат до 117 пратеници кои се подготвени да поддржат ваква програма и политика. Се надеваме дека на некој од следните избори народот ќе ги избере потребните 4 пратеници за да ги реализираме нашите намери“, рече Василев.

Тој изјави дека вчера станало јасно дека не може да се очекува поддршка од пратениците од „Има таков народ“.

На прашањето дали би поддржале трет мандат доколку се даде на БСП или на „Демократска Бугарија“, Василев кратко одговори: „Да не се занимаваме денеска со хипотези“.

Вицепремиерот во оставка посочи дека на сите бугарски граѓани им е јасно зошто е урнат кабинетот „Петков“. Според него, постоела желба наместо да се зголемат пензиите и социјалните трошоци, „парите да одат кај некои 8 фирми што ги добиле во последните години“.

„Има една многу убава мисла: да се прави исто и да се очекува различен резултат е форма на лудило. Бугарскиот народ го кажа малку пошарено: Само будалите двапати газат на иста мотика“, додаде Василев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Снегот предизвика проблеми во Бугарија, Боровец остана…

Снежното невреме во Бугарија предизвика проблеми во…

Унгарскиот МОЛ сака да ја купи рафинеријата…

Унгарската компанија за нафта и гас МОЛ…

Двајца Македонци фатени со 137 килограми марихуана…

Двајца државјани на Македонија се приведени на…

Љубчо Георгиевски на свое барање се сретнал…

Бугарскиот претседател Румен Радев го примил во…

Бугарскиот пазар полуде: Се нуди паркинг место…

Гаража или паркинг место за автомобил во…