Новак Ѓоковиќ се огласи по одлуката на Федералниот Суд

Новак Ѓоковиќ беше третиран во изминатата недела, во која траеше сагата со неговата депортација. Србинот по одлуката на судот даде само куса изјава.
„Ќе земам некое време за одмор и за рекуперација пред да дадам поопширен коментар на оваа тема. Силно сум разочаран од одлуката на судот“, изјави Ѓоковиќ.
Федералниот суд на Австралија со гласање 3-0 на судиите реши да ја одбие жалбата на најдобриот светски тенисер за одземање на влезната виза, што значи дека тој во најкус можен рок мора да ја напушти државата.
Згора на тоа, српскиот ас се соочува и со тригодишна забрана за влез на австралиска територија, што би значело и крај на неговите настапи на турнирот во Мелбурн, каде што досега има девет победи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Силен земјотрес во близина на Австралија
Во понеделникот земјотрес со јачина од 5,8…
(Видео) СТРАШНА несреќа во Австралија: Во судир…
Четири лица загинаа во судир помеѓу два…
(Видео) Додека вие ги слушавте Карлеуша и…
Група Австралијци ја прославуваше новата година со…
(Видео) Со величествени огномети жителите на Нов…
Австралија, Нов Зеланд, пацифичките острови и земјите…
САД и Австралија ја повикаа Јапонија да…
САД и Австралија денеска ја повикаа јапонската…