Новата директорка на Развојна банка е сопруга на Димитар Димовски од ВМРО-ДПМНЕ

t

Ефимија Димовска, новата вршителка на должност член на Управен одбор – главен извршен директор на Развојна банка е сопруга на долгогодишниот член на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Димовски. Димовска доаѓа на местото на Кире Наумов, долгогодишен кадар на СДСМ.

Димовски е дипломиран шумарски инженер. Во компанијата „Соларис“ каде што основач и содружник е неговата сопруга Ефтимија, тој е управител.
Во 2019 година Димовски беше на тапет од СДСМ дека купувал евтино земјиште и бил во бизнис со струја.

-Болшевичкиот клер во македонската политика, предводен од аболираниот за криминал премиер Зоран Заев, човекот кој цела Македонија го виде како бара мито од едно евро за брат му, евро за црквата, треба да се засрами во ширењето на лаги, дезинформации и клевети. Ака што илјада пати ќе повторат една лага, тоа не значи дека ќе стане вистина. Димитар Димовски нема купено ниту еден квадрат државно земјиште, како што отворено лаже СДСМ. Димитар Димовски поседува земјоделско земјиште кое не до градот Берово, и истото се наоѓа на планината Огражден на надморска височина од 1.500 метри купено од друго правно лице, каде сега имам насадено ореви – пишуваше во писмената изјава на Димовски.

Што се однесува до темата хидроцентрала, тој изјавил дека поседува едноцифрен удел во компанија која поседува хидроцентрала, а целокупната постапка за добивање концесија и нејзината изградба е преку целосно следење на процедурите пропишани со законски и подзаконски акти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Новата директорка на Развојна банка е сопруга…

Ефимија Димовска, новата вршителка на должност член…

СДСМ: Се гледа дилот меѓу ВМРО-ДПМНЕ и…

Политичките партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и денес…

СДСМ: Дилот ВМРО–ДУИ му донесе куќен притвор…

Политичките партии и денес со препукувања околу…

СДС нервозни и фрустрирани зошто Груби е…

Ги разбираме од СДС, тие се нервозни…