ВМРО-ДПМНЕ ќе ги намалува функционерските плати за 10.000 до 13.000 денари
Од 10.000 до 13.000 денари ќе се намалат платите на функционерите, а кај некои од позициите и повеќе, со цел поправична распределба на буџетските средства и усогласување со економските услови во државата, изјави денеска пратеникот од ВМРО‑ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, кој информира дека нивната пратеничка група поднела пакет од предлог-измени на шест закони со кои се регулира прашањето на платите.
„Основната цел на овие измени е воспоставување на поправична распределба на буџетските средства, при што платите на функционерите се усогласуваат со реалните економски услови во државата. Со предложените решенија се врши интервенција во висината на коефициентите со што се обезбедува рационално користење на средствата од Буџетот на Република Македонија. Прво и најважно, сакам да нагласам: ова законско решение е целосно во согласност со Уставот на Република Македонија. Овие измени се правно издржани и јасно ги дефинираат коефициентите за пресметка на платите, почитувајќи ги сите уставни начела за поделба на власта и социјална праведност“ изјави Стојаноски.
Со пакетот од шест закони опфатени се платите на пратениците, министрите, судиите, јавните обвинители, членовите на Судскиот и Обвинителскиот совет, како и градоначалниците.
Со предложените решенија, како што рече Стојаноски, се врши интервенција во висината на коефициентите, со што се обезбедува рационално користење на средствата од буџетот. Според предложените измени, се предвидува платите на пратениците и на функционерите во извршната власт да се намалуваат преку пониски коефициенти. Кај судиите и обвинителите се врши усогласување со економските можности, а за градоначалниците се воведува нова скала според бројот на жители.
Стојаноски информира дека заштедените средства ќе се пренаменат за здравство, образование и социјала, а намалувањето ќе важи веќе со исплатата на февруарската плата.
Пратеникот најави дека утре ќе биде закажана пленарна седница, на која ќе се гласа потребата од донесување на законите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: ЈО по допрен глас да отвори…
„ВМРО-ДПМНЕ го повикува Јавното обвинителство по допрен…
ВМРО-ДПМНЕ: Абази го затвори предметот за модуларните…
Пет години по оформувањето на предметот, ОЈО…
ВМРО-ДПМНЕ: Економските резултати се мерат со бројки,…
Економските резултати се мерат со бројки, а…
Мицкоски: Во секое време сме подготвени да…
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во вечерашното…
ВМРО-ДПМНЕ: Нови инвестиции, нови фабрики и илјадници…
Со нови проекти, нови производствени капацитети и…