Нова cmpтонocна сообраќајка на македонски државјанин во Бугарија

Едно лице загина по судар на македонски камион кој превезувал руда од рудниците за олово и цинк „Саса“ и автомобил „опел“ кај местото Зелен Дол во Република Бугарија во близина на граничниот премин Делчево – Станке Лисичково.
Инцидентот, како што јавуваат повеќе бугарски медиуми, се случил кај местото Зелен Дол синоќа околу 20 часот, на патот Благоевград – граничен премин Станке Лисичково – Делчево, на кружниот тек кој се вклучува на автопатот Струма.
Од ударот загинал возачот на автомобилот, а во несреќата од резервоарот на камионот истекло големо количество гориво. Сообраќајот на патниот правец III-106 Благоевград – граничен премин Станке Лисичково – Делчево во атарот на село Зелен дол, поради несреќата бил времено ограничен во двата правци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Утре два булевара во Скопје во колапс,…
Апелираме до граѓаните за трпение до завршување…
Претрес во Скопје: Запленета дрога, приведен дилер,…
Денеска (28.03) полициски службеници од СВР Скопје-…
Таткото на Јана: На мониторот за ЕКГ…
Како што гледав преку стаклата на мониторот…
(Видео) ДЕМОНСТРАНТИТЕ ЗАПАЛИЈА АВТОБУСИ, ЈА НАПАДНАА ПОЛИЦИЈАТА:…
Полицијата соопшти дека привела 22 лица и…
Гроси: Бараме решение за ефикасна заштита на…
Директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија…