Мелони предложи заедничка иницијатива за прекин на огнот во Појасот Газа
Италијанскиот премиер Џорџa Мелони предложи заедничка иницијатива за прекин на огнот во Појасот Газа на самитот на Г7 што се одржува во Канада, објавија денес италијанските медиуми, повикувајќи се на дипломатски извори.
Во разговорите што ги одржа со лидерите на Г7 на маргините на самитот, Мелони се залагаше за усвојување на заедничка иницијатива за прекин на огнот во окупираната палестинска енклава и наводно ја доби поддршката од своите партнери, според добро информирани дипломатски извори, објавува Анса.
Италијанската премиерка имаше краток разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, а потоа и со францускиот претседател Емануел Макрон пред да седнат во салата каде што се одржува првата сесија на Г7 посветена на глобалната економија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кац: Израелската армија е подготвена да ја…
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац во…
Израел уби висок командант на Хамас во…
Израелската армија во петокот соопшти дека убила…
22.233 ученици се регистрирани за новата учебна…
Директоратот „Текума“, задолжен за обновата на заедниците…
Нова пратка со 900 тони хуманитарна помош…
Уште една, нова пратка со 900 тони…
„Хамас“ се согласи да ја предаде власта…
„Хамас“ се согласил да ја предаде власта…