Новиот портпарол на Комисијата за заразни болести: Ќе се разгледува дали сите починати биле последица на Ковид-19

t

Новоименуваниот портпарол на Комисијата за заразни болести, доктор Злате Мехмедовиќ, во изјава за НоваТВ понуди објаснување на изјавата дадена во утринското гостување во „Утрински брифинг“ дека имало „манипулација со бројките на починати од Ковид 19“.

Доктор Мехмедовиќ за НоваТВ вели дека зборот манипулација бил погрешно протолкуван, бидејќи не се работело за прикривање на бројки, туку за можна „погрешно водена статистика во однос на починатите лица со Ковид-19“.

„Уште од самиот почеток на пандемијата имаше дилеми во јавноста дали сите лице кои се внесени во билтенот за починати од Ковид-19, починале како последица од вирусот или починале поради друга болест или состојба, а истовремено го имале вирусот во себе. Како примерот со лица кои животот го изгубиле во сообраќајна незгода, а кај нив постмортем бил детектиран и Сарс Ков2 вирусот, па и тие случаи се евидентирани како починати од корона вирусот“, вели доктор Мехемедовиќ и додава дека ваквите случаи кои починале носејќи го вирусот во себе, но не како последица од Ковид-19.

Според доктор Мехмедовиќ, комплетната статистиката на починати, вкупно 8444 случаи ќе се ревидира со цел да се утврди колкумина од нив навистина починале како последица од корона вирусот. Комисијата ќе разговара и за евентуалнa промена во концептот на евиденција на лица кои починале како последица од Ковид-19.

„На некои од следните состаноци ќе го разгледаме и ова прашање и ќе утврдиме на кој начин би можело да се направи селекција кои од починатите паочинале како последица од вирусот, а кои починале од некое друго заболување или во сообраќајна незгода, а во себе го имале и корона вирусот кој им бил детектиран по смртта“, вели Мехмедовиќ и додава дека билтенот на ИЈЗ не е шпекулативен, туку се работи во насока да се разграничи колку од пациентите навистика починале поради компликација од Ковид-19.

Во однос на евентуални нови мерки за заштита од корона вирусот, доктор Злате Мехемдовиќ за НоваТв не открива дали оваа тема ќе биде отворена на следниот состанок на Комисијата во вторник.

Инаку, утрово во гостување на „Утрински брифинг“ портпаролот на Комисијата за заразни болести изјави дека „има манипулација со бројките на починати од Ковид-19, за што ќе се разговара на Комисијата за заразни болести“. Тој рече оти факт било дека Македонија е на шесто или седмо место во светот по бројот на починати.

Инаку, во статистиките кои досега ги испраќаше Институтот за јавно здравје пишува дека лицата починале со Ковид-19, но не дали тие починале и како последица од вирусот или причината за смртта била поради компликација од некоја друга тешка хронична болест, бидејќи тоа може да се утврди само преку обдукција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Манијак во Прилеп, се самозадоволувал пред малолетно…

СВР Битола поднесе кривична пријава против И.Д.(34)…

Грција потпиша договор за набавка на 20…

Грчката влада официјално ја финализираше својата намера…

Македонскиот пасош e рангиран на 41 место…

Македонскиот пасош е рангиран на 41-то место…

(Видео) Страшна несреќа во Грција – 3агинаа…

Тешка несреќа околу пладне се случила во…

Во 62 налети полициските хеликоптери исфрлија преку…

Денеска (26.07.2024), Одделот за воздухопловни единици при…