Новиот филм на Том Круз со катастрофален старт, му се заканува огромна загуба

t

Новиот филм на Том Круз, „Дигер“, забележа едно од најслабите киноотворања во кариерата на холивудската ѕвезда, а според проценките, продукцијата би можела да заврши со загуба од околу 150 милиони долари.

Филмот во режија на оскаровецот Алехандро Гонзалес Ињариту во првиот викенд од прикажувањето заработи само 20 милиони долари на светско ниво. Од таа сума, околу осум милиони долари се заработени во Северна Америка, додека останатите 12 милиони доаѓаат од 74 меѓународни пазари.

Станува збор за исклучително слаб почеток за продукција чиј буџет изнесува најмалку 125 милиони долари, а според одредени проценки достигнува и до 150 милиони. Дополнителен товар претставуваат и трошоците за маркетинг, за кои наводно биле издвоени околу 100 милиони долари.

Во сатиричниот филм, Круз го толкува ликот на Дигер Роквел, ексцентричен нафтен магнат кој е принуден да се соочи со последиците од еколошка катастрофа предизвикана од неговата компанија.

Покрај Круз, во актерската екипа се и Риз Ахмед, Џон Гудман и Мајкл Стулбарг.

„Дигер“ доби претежно негативни критики, иако пред премиерата се споменуваше и како потенцијален кандидат во претстојната сезона на филмски награди.

Круз, кој во последната деценија главно беше дел од големи акциони хитови како „Невозможна мисија“ и „Топ ган: Маверик“, одамна немал филм со толку слаб старт на киноблагајните. Последниот поголем комерцијален неуспех во неговата кариера беше „Мумијата“ од 2017 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Новиот филм на Том Круз со катастрофален…

Новиот филм на Том Круз, „Дигер“, забележа…

Светот потроши 2,9 трилиони долари за вооружување…

Вооружувањето и зголемената глобална несигурност ги зголемија…

Иранската гарда соопшти дека го „погодила“ американскиот…

Иранската револуционерна гарда соопшти дека го нападнала…

Израел и Хамас ја потпишаа првата фаза…

Израел и Хамас се согласија за првата…

Ретко кој го знае вистинското презиме на…

Том Круз со децении е една од…