Објавено на:

Нови несогласувања во Брисел: Словачка ќе бара изземање од санкциите за руската нафта

t

Словачка ќе инсистира да биде изземена од ембаргото за купување руска нафта доколку руската нафта биде санкционирана од 2023 година, изјави вицепремиерот и министер за економија Ричард Сулик по вонредниот состанок на министрите за енергетика на ЕУ.

Според него, непречените испораки на нафта од Русија се од витално значење за словачката економија, бидејќи Русија и обезбедува на Словачка 100 отсто од потребите за нафта.


– Ова е клучна ставка за нас. Не сме во состојба да се прилагодиме толку брзо. Словнафт преработува тешка руска нафта, а целиот процес на замена може да потрае неколку години, па секако ќе инсистирам на исклучување на Словачка, рече Сулик.

Според Европската комисија, ЕУ од Русија добивала 40 отсто гас, 27 отсто нафта и 46 отсто јаглен.

Западни медиуми пренесуваат изјава од извори од Европската комисија, според кои е многу веројатно дека Словачка и Унгарија ќе бидат изземени, поради нивната силна зависност од руските енергенси. Според овие извори, за да ја задржи обединета 27-члената Унија, Комисијата може да им понуди на Словачка и Унгарија „изземање или долг период на транзиција“, изјави неименуван претставник на Еврокомисијата.

Се очекува Комисијата денеска да ја финализира работата на следниот, шести, пакет санкции на ЕУ против Русија поради нејзините акции во Украина, кои ќе вклучуваат забрана за купување руска нафта. Извозот на нафта е главен извор на приходите на Москва.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Припадник на Волците со порака до…

На социјалните мрежи с епојави видео на…

(Фото) Апасиев: СДС ја инструментализира тајната полиција…

Пратеникот во македонското Собрание и лидер на…

УЧК по улици ви парадира и не…

Ситуацијата пред Собранието на РМ денска ескалираше…

Димитров: На крајот сите ќе бидеме губитници,…

За било какво насилство нема оправдување. Протестите…

Граѓаните гневни: Ковачевски и Османи видовити, секоја…

Не стивнуваат обвинувањата кон власта дека провокациите…