Што се случува во РЕК Битола, врие од полиција: Обвинувања за саботажа, пожар кај каблите кои ги поврзуваат трите блока – во моментов не работи ниту еден

t

Во моментов огромно полициско присуство има во РЕК Битола дознава Инфомакс. Утринава избил пожар, а во официјално соопштение од централата пишува дека се сомневаат на саботажа.

Неофицијално хаваријата во централата е огромна и во моментов не работи ниту еден блок од централата!

Според информациите кои ги имаме пожар бил подметнат во делот каде се каблите кои ги поврзуваат трите блока на централата.

Во моментов се чека од Скопје да да пристигне и крим полиција.

Вториот блок во РЕК „Битола“ од утринава автоматски е исклучен од електроенергетскиот систем по вклучување на заштитниот механизам на блокот кој, како што наведуваат од ЕСМ, се активирал како последица на зголемена температура, односно опожарени дрвени елементи во близина на орманот за електронско управување.

Службите на РЕК „Битола“ реагирале веднаш согласно оперативните протоколи со оглед на тоа што, како што нагласуваат од Електрани на Северна Македонија, станува збор за потенцијална саботажа.

За случајот е известена и криминалистичката полиција, која во моментов врши увид на местото на настанот.

„По полицискиот увид, стручни екипи од РЕК ‘Битола’ веднаш ќе започнат со детална анализа за согледување на евентуалната настаната штета и утврдување на точната причина за зголемувањето на температурата“, соопштија од АД ЕСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пезешкијан: Меморандумот за разбирање со САД е…

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска изјави дека…

Русија го повлече амбасадорот во Велика Британија…

Русија го повлече амбасадорот во Велика Британија…

Државата со нов план за побезбеден сообраќај:…

Состојбата на македонските патишта е сериозен проблем…

Русија подготвува огромен потег по изборите, Зеленски…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес во Киев…

Иран пронајде богатство под земја! Откриено гасно…

Иранскиот министер за нафта Мохсен Пакнеџад денес…